Силни експлозии во украинскиот град Миколаев

Миколаев, Украина / Фото: EPA-EFE/GEORGE IVANCHENKO

Силни експлозии се слушнаа рано утрово во украинскиот град Миколаев, изјави градоначалникот Олександр Сенкевич во објава на социјалните мрежи.

„Во градот се слушаат силни експлозии! Останете во засолништа!“, напиша Сенкевич на апликацијата Телеграм.

Не е познато што ги предизвикало експлозиите.

Пред експлозиите, сирените за воздушен напад се огласија низ регионот на Миколаев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот