СИЛНА ПОРАКА НА МЕРКЕЛ ПО НАПАДОТ ВО ГЕРМАНИЈА: За омразата не смееме да имаме ни трошка толеранција!

Германската канцеларка Ангела Меркел денес вети „нула толеранција“ кон омразата, еден ден по нападот на синагогата во источногерманскиот град Хале каде загинаа две лица, а дргу две се потешко повредени, објави српски „Курир“.

И претседателот Френк-Волтер Штајнмаер денес ги повика Германците да застанат до своите сонародници со еврејска вероисповест.

– Претставниците на државата треба да ги употребат сите средства на правната држава за да се борат против омразата, насилството, за нив има нула толеранција – истакна Меркел.

Канцеларката која во знак на солидарност синоќа по нападот посети една од главните синагоги во Берлин, додаде дека е шокирана и преплашена од нападот, исто како и многу милиони луѓе во Германија.

Нападот го изврши 27-годишен Германец, кој бил тешко вооружен. Тој го сними својот напад и директно го емитуваше преку една интернет платформа. Тој се обиде да влезе во синагогата во Хале додека 80 илјади луѓе го славеа еврескиот празник Јом Кипур, а кога не успеа, тој пукаше кон луѓе кои стоеа пред неа и на една продавница која се наоѓа во близина.

Овој напад предизвика нова загриженост за засилувањето на екстремизмот на крајната десница во Германија и отвори прашања за одговорноста на полицијата.

– Не е доволно да се осуди таков кукавички чин. Мора да биде јасно дека државата презема одговорност за животите на евреите во Германија – рече денес германскиот претседател кој се сретна со евреите во една синагога, и нагласи дека целата заедниа мора јасно и одлучно да биде солидарна со евреите.

Штајнмаер исто така посочи дека историјата ги потсетува Германците, а сегашноста од нив бара да застанат на страната на еврејските сонародници.

– Тие кои досега молчеа, мораат да го кренат гласот – исткана германскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот