СИЛНА МАЈКА: Ја покажала реалноста на МАЈЧИНСТВОТО со фотографија на која ПЛАЧЕ ОД ИСЦРПЕНОСТ (ФОТО)

Рејчел Џампиетро со искрен приказ на мајчинството го освои интернетот.

Објавила фотографија која е снимена три дена по раѓањето на нејзиното второ дете, ќерката Бела.

Како што вели, фотографијата е резултат на исцрпеноста што ја почувствувала кога првпат останала сама дома со две деца и се соочила со обврските околу новороденчето и тригодишниот син Лукас.

„Ако подобро погледнете, ќе видите дека солзи ми течат низ образите. Малку драматично, знам, но ова е реалност на многу мајки“, напишала.

„Двајцата спијат, ама Лукас само што го имаше најголемиот излив на бес, јас само седев и плачев и не бев ни физички ни психички во состојба да му помогнам. Чувствувам вина, исцрпеност и умор“, додала и рекла дека тоа се помалку пријатните моменти од мајчинството за кои никој не зборува.

„Но токму тие моменти ни даваат сила и нè прават поотпорни. Тешките времиња се најдобрите учители и ако успеете да го поминете тоа во текот на првите денови, месеци и години на мајчинство, тогаш можете сè“, порачала.

За да ја објави фотогртафијата се одлучила поради совршените фотографии од мајки и деца кои постојано се објавуваат.

Само неколку часа од објавата добила повеќе од 100.000 лајкови,коментари и споделувања.

Just realised I never shared this photo of my first day alone with the two kids at home, a few days after Bella was…

Publiée par The Strong Mama sur Mardi 4 juin 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот