Силна експлозија во трговски центар во Флорида, 20 повредени (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Најмалку 20 лица се повредени во силна експлозија што се случила пред околу два часа во трговски центар на југот на американската држава Флорида, пренесува Си-Ен-Ен.

Полицијата и пожарникарите се на местото на настанот, а видеата и фотографиите на социјалните мрежи сведочат за моќната експлозија, пренесува истиот извор.

„Асошиетед прес“ пренесе дека остатоци од градежни материјали летале и до 100 метри оддалеченост од трговскиот центар.

Пожарникарите потврдија дека повеќе луѓе се повредени и соопштиле дека се работи за експлозија на плин која најверојатно настанала во пицерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот