Силна експлозија среде Тирана, четворица повредени (ВИДЕО)

Топ Чанел

Силна експлозија се случи попладнево во Тирана, на улицата „Васо Паша“, во областа на „Блокот“. Во експлозијата биле повредени четири лица.

Балканвеб јавува дека експлозијата била силна, додека бројни полициски и противпожарни сили ја опколиле областа и се очекува да ја евакуираат зградата, бидејќи големиот чад претставува опасност за жителите.

Од друга страна, според Топ чанел постојат сомнежи дека настанот се случил како резултат на експлозија на боца со гас во еден локал. Експлозијата била мошне силна, а била оштетена и златарницата до локалот.

Од четворицата повредени еден е случаен минувач, а две се работнички од златарницата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот