Силна бура ја погоди Западна Австралија, ветерот носи сѐ пред себе (ВИДЕО)

epa08442170 Debris covers a pavement after strong winds damaged shop fronts in Perth, Western Australia, 25 May 2020. Western Australia is being batered by strong weather, with damaging winds and heavy rain lashing most of the state. EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Брзината на ветерот достигна 132 километри на час на Кејп Луин, што е најсилната брзина забележана во мај уште од 2005 година.

Десетици илјадници домаќинства и компании останаа без електрична енергија, оштетени згради, а дрвја искоренети во силното невреме што го погоди западниот брег на Австралија веќе втор ден по ред.Засега нема извештаи за повредени.

Џон Брумол, официјален претставник на Одделот за противпожарни и итни случаи на австралиската држава Западна Австралија, рече дека бура од ваков вид се случува еднаш во десет години.

Бурата погоди област од 1.200 километри на западниот брег на Австралија од Карнарвон до Кејп Луин, вклучувајќи го и главниот град на таа австралиска држава Перт, со налети на ветрот од над 90 километри на час во текот на ноќта, изјави првиот човек на Бирото за метеорологија, Нил Бенет.

Брзината на ветерот достигна 132 километри на час на Кејп Луин, што е најсилната брзина забележана во мај уште од 2005 година.


Обилните дождови го погодија крајбрежјето, а дождот и брановите високи осум метри предизвикаа поплави на брегот, рече Бенет. Бурата се движеше по должината на брегот, вклучително и областа околу Перт, но особено го погоди југозападниот дел на државата Западна Австралија. Невремето се смирува попладнево по локално време.

Околу 65.000 домаќинства и фирми останаа без електрична енергија среде невремето, но во меѓувреме, за многумина е воспоставено снабдување, додека 24.000 домаќинства се уште немаат електрична енергија, рече премиерот на Западна Австралија, Марк МекГуан.

Западна Австралија е една од најголемите држави или провинции во светот. Американската држава Алјаска опфаќа помалку од две третини од копнената површина на таа австралиска држава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот