Силјановска: За разлика од Пендаровски, јас ќе работам 100 проценти по свое

– За разлика од претседателот Ѓорге Иванов и мојот противкандидат Стево Пендаровски, кој 102 проценти се согласува со лидерот, јас 100 проценти ќе работам по свое – порача претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот на денешната дебата за апстиненцијата на изборите.

– Тоа не го правеа претходните претседатели, можеби Киро Глигоров да. Истото се однесува и на Иванов, кој не секогаш постапуваше како претседател на граѓаните. Имаше силно политичко влијание, но во вториот мандат на крајот беше целосно анулиран и маргинализиран – изјави Силјановска Давкова во одговор на новинарско прашање.

Во првиот круг на гласањето за претседателските избори, како што беше посочено на дебатата, на изборните места не се појавија преку 300.000 гласачи кои редовно гласаат.

Прочитајте и...  Филипче: Вториот бран сметаме дека ќе трае многу кратко, вирулентноста значително слабее (ВИДЕО)

– Апстиненцијата е модерна болест која укажува на болеста на демократијата и е синоним за криза на претставничката демократија која зачука и на македонска врата. Луѓето се разочарани од носителите на политичката власт зошто најчесто тие ги адресираат сопствените наместо интересите на граѓаните –  рече Силјановска Давкова.

Потсети дека Венецијанската комисија во три наврати во извештаите и препорачуваше на Македонија да го тргне цензусот во вториот изборен круг.

– Се надевам дека сепак ќе го постигнеме цензусот од 40 проценти и им упатувам отворен повик на сите кои имаат дилеми заедно да ги разрешиме, со сиот респект за причините кои ги имаат граѓаните кога не гласаат. Мислам дека заслужуваат одговор на дилемите и се надевам  дека моите аргументи ќе премислат многу од нив зошто она што го нудам и она што го правам е гаранција дека нема да ги заборавам граѓаните – потенцира Силјановска Давкова.

Прочитајте и...  Германски неонацисти тренираат во воен камп во Русија- никој не може да им го забрани тоа

За укажувањето од Антикорупциската комисија за непотизмот во вработувањето, Силјановска Давкова рече дека доделувањето на метлата на премиерот изгледа драматично, но додаде дека не знае колку метли досега требаше да се искршат.

– Не видов епилог од ветувањата. Ова е круна, бидејќи и шефот на штабот на мојот противник е една од фамилијарните икони во случајот околу вработувањата. Тоа нема ништо заедничко со европските стандарди, напротив изгледа дека политичкото ткиво е длабоко инфицирано. Ќе правам се поинаку од тоа што тие го прават. Ако не ставиме крај на непотизмот, партизацијата и политизацијата при вработувањето од правната држава нема ништо, посочи Силјановска Давкова.

Најави  дека ќе продолжи со активностите од кампањата и за време на велигденските празници.

Прочитајте и...  Активни 1.009 случаи на коронавирус во земјава, очекувањата се вториот бран кратко да трае

– Ќе имам непосредни контакти со граѓаните. Спремна сум било каде да се видам со неопределените луѓе и секому, секаде да му одговорам на сите прашања зошто немам што да кријам и мислам дека можам да започнам нова фаза во македонската демократија. Доаѓа времето на жените и тоа на умните, критички настроените, неангажираните, инспиративните и креативни жени и најпрво ним им се обраќам – порача Силјановска Давкова.

Прочитај повеќе

Албанија: Политичкиот совет постигна договор за изборната реформа

Слободен печат

Во изминатите 24 часа приведени 155 лица кои не ја почитувале забраната за движење

Слободен печат

Гутереш: Ако расизмот постои секаде, постои и во ОН

Слободен печат

Укинато задолжителното носење маски во Црна Гора

Слободен печат

Индија ја стигна Италија по бројот на заразени од коронавирусот

Слободен печат

Г-20 издвои повеќе од 21 милијарда долари за борба против коронавирусот

Слободен печат

1 comment

blagoja 25/04/2019 - 17:43 at 17:43

E pa toa znacit deka kako dosegasniot pretsedatel ne ce rabotis i ti nisto. Pozdrav babicke od dedo blagoja

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Минеаполис донесе забрана за задушување на лице за време на приведување

Слободен печат

Кина пријави три нови увезени случаи на Ковид-19

Слободен печат

Хаос во Мексико: Приведени полицајци за смртта на млад човек во полициски притвор (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Читајте го бесплатно он-лајн викенд бројот на Слободен печат

Слободен печат

Болсонаро со закана до СЗО, над 35.000 починати од Ковид-19 во Бразил

Слободен печат

Парли: Француските вооружени сили го убија шефот на Ал Каеда во северна Африка

Слободен печат