Силјановска од Радовиш: Правото на самоопределување е право на секоја држава и народ

Кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова денеска пред граѓаните во Радовиш истакна дека е загрижена од она што оваа влада го има направено во изминатите две години, потенцирајќи дека многу ветиле, а ништо не направиле.

– Од една страна сум среќна бидејќи имам увид во проблемите на мојот народ, вашите проблеми сите ние имаме увид во проблемите, меѓутоа од друга страна на сум толку тажна кога ќе слушнам што се не е решено во овие две години и неколку месеци, а ветено, а со што се не се китат тоа се неверојатни работи, рече Силјановска.

Според неа, на 21 -ви април и на 5 – ти мај СДСМ и Заев ќе ги стигне демократската пресуда на народот. бидејќи, рече, се обидовте да не измамите со живот, но не само што не донесовте живот, туку и ни го загрозивте животот.

Осврнувајќи се на членството на земјава во НАТО, Силјановска Давкова потенцира дека зачленувањето не значи дека Алијансата ќе интервенира во внатрешните односи.

– Не убедуваат дека НАТО е на прагот и дека тоа ќе значи крај на безбедносните проблеми иако сите ние знаеме дека НАТО никогаш не интервенира во внатрешните односи. Не е доволно да го истакнете знамето на НАТО пред владата и да се фалите дека сте зрели не само безбедносно, туку организационо, финансиски, ако сакате и стратешки со НАТО, далеку се тие од тоа. Затоа ќе треба силна работа за ние да станеме компатибилни стратешки финансиски со средства со инструменти, со политики за да можеме да водиме не само регионална безбедносна политика, туку и евроатланска безбедносна политика, вели Силјановска Давкова.

Според неа, СДСМ и Заев залудно се обидуваат да го манипулираат народот дека промената на името е добра и оти е зачуван македонскиот идентитет. Пред граѓаните во Радовиш таа истакна дека со Преспанскиот договор со член 7 придавката македонски не може да стои пред Република.

– Исто така слушам дека ова низ нивна призма ќе било четвртата за нив Македонска Република. Каков цинизам, кава хипокризија затоа што според членот 7 од Преспанскиот договор придавката македонска не може да стои пред Републиката, затоа и ја одвоија. Првата Република на Балканот била Крушевската република. Затоа Крушевската република е вткаена во нашата химна. Затоа Крушевската република е врежана во нашите срца, ама тие не ја пеат химната како вие што ја пеете овде, тие ја избришаа историјата на химната, тие ја заборавија суштината на химната, правдините за Македонија, ама тоа ние ќе го реализираме наскоро, објасни таа.

Силјановска Давкова додаде дека правото на самоопределување е право на секоја држава и народ.

– Ние ќе си го побараме и ќе си го вратиме правото на самоопределување на овој народ. Правото на самоопределување не е апстрактно има содржина, а таа содржина вика сами да си го напишете уставот,  не под притисок, сами да си го одберете името, знамето, грбот, се што е битна карактеристика на националната држава, вели Силјановска Давкова.

Од Радовиш таа порача дека поради непочитување на волјата на народот, граѓаните на 21-ви април и на вториот изборен круг на 5 – ти мај ќе го делегитимираат ова незаконско и лошо управување на владата на СДСМ и на Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот