Силјановска објасни зошто нема да гласа за новата влада: Не видов стратегија, освен онаа во однос на менување на името

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, на продолжението на собраниската седница образложи зошто нема да гласа за новата влада.

– Досегашните промени беа врз основа на договори или врз основа на притисок однадвор. Доста отваравме пандорини кутии, да се занимаваме со демократијата, рече Силјановска.

Таа истакна дека имало осиромашени луѓе чии интереси не ги застапувале од СДСМ.

-Премногу тајкуни се појавија со приватизацијата, а на дното останаа осиромашени луѓе, рече Силјановска.

Силјановска ја критикуваше и прогограмата на Владата.

– Јас не видов стратегија, освен онаа во однос на менување на името. Што сега со договорот со Бугарија и Преспанскиот договор? Дали имаме концепт што ќе правиме? САД не подржува, но ЕУ не се исти. Мора да најдеме решение, во 26 амбасади немаме наш човек, како ќе бидеме активни, праша Силјановска.

Таа, во денешната дискусија на собраниската седница за избор на кабинетот на Зоран Заев, исто така, посочи дека е против вечното менување на функции – од градоначалник до министер, од пратеник во градоначалник… Нагласи и дека е опасно за демократските процеси една личност подолго време да биде на чело на Министерството за одбрана или на МВР. Нагласи и дека во суштина, не постои Министерство за политички систем и дека функцијата вицепремиер за справување со корупцијата е несоодветна, затоа што, како што рече, секој министер е потенцијален клиент на антикорупционерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот