Силјановска на Твитер: Жалам што Стево ја откажа дебатата на Телма, можеше да научи нешто за ЕУ
Професорката Гордана Силјановска-Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на Твитер го „пецна“ својот противкандидат, Стево Пендаровски, со кој ќе се бори за позицијата претседател во вториот круг на петти мај.
Таа на оваа социјална мрежа изрази жалење поради тоа што Пендаровски ја откажал закажаната дебата за денеска на телевизија Телма, истакнувајќи дека на тој начин пропуштил шанса да „научи нешто за ЕУ“.
„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на Телма.
А можеше да научи нешто за ЕУ“, напиша Силјановска.
Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на Телма.
А можеше да научи нешто за ЕУ.— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) April 24, 2019