Силјановска на Твитер: Жалам што Стево ја откажа дебатата на Телма, можеше да научи нешто за ЕУ

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ,  на Твитер го „пецна“ својот противкандидат, Стево Пендаровски, со кој ќе се бори за позицијата претседател во вториот круг на петти мај.

Таа на оваа социјална мрежа изрази жалење поради тоа што Пендаровски ја откажал закажаната дебата за денеска на телевизија Телма, истакнувајќи дека на тој начин пропуштил шанса да „научи нешто за ЕУ“.

„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на Телма.
А можеше да научи нешто за ЕУ“, напиша Силјановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот