Силјановска на средба со дефектолог по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот

По повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова оствари средба со дефектолог.

Меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот е само потсетување на секојдневната грижа на родителите, семејствата, училиштата и целото општество. Не е доволно да го одбележиме денот, и утре да го заборавиме, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потсети дека во правично општество никој не смее да биде оставен сам, ниту еден живот не е помалку вреден од другите. Светот чекори напред со овозможување третмани и пристап до асистивни технологии кои им го олеснуваат животот на овие лица со посебни потреби, овозможувајќи им учество во животот на заедницата и поквалитетен живот.

Прочитајте и...  Бочварски: Пет фирми сакаат да ја градат браната на реката Отиња

Солидарноста е основа на секое правично општество. Ќе сторам се’ во мојот мандат да потсетувам на реалните проблеми и на начините за нивно надминување. Аутизмот не е дефиниција на личноста, личноста е многу повеќе од тоа. Луѓето не треба да страдаат затоа што се различни, но страдаат од начинот на кој ги третира општеството, истакна Силјановска Давкова.

Поврзани вести

Лисица ги изненади скопјани 

Илинка Иљоска

Затвореник измачувал и убил педофил, сакал и да го изеде. Пред судијата рекол дека убаво си поминал

И.И.

Лисиче и Аеродом се гасна комора, се жалат граѓаните на социјалните мрежи

Илинка Иљоска

Расфрлени кондоми и 80 луѓе без маски: Полицајци упаднаа на забава во Њујорк, сфатија дека прекинале оргии

Слободен печат

ВИДЕО: Австралија во шок откако тинејџер беше онесвестен од обезбедување бидејќи не носел маска

СП.

Правеле хрватски пасоши за криминалци од Србија и Црна Гора, уапсени 11 лица

И.И.

Остави Коментар