Силјановска: На 15 јули мора да се стави крај на катастрофалното владеење на СДСМ

Носителката на изборна единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова  од општина Карпош денеска истакна дека граѓаните овој пат имаат шанса да ги исправат сите неправди кои  им ги нанесе СДСМ и дека ВМРО кодот се уште постои во секој честит граѓанин кој си ја сака државата. Силјановска – Давкова  потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ има огромен број на проекти кои ќе значат целосна обнова на државата.

-Имаме шанса да се исправиме зошто се уште сме живи односно народот е жив и како што денеска веќе реков нешто чудно се случува со нашиот генетски код. Ми се чини дека неколкупати се повторува следново одеднаш без оглед на генерацијата, без оглед на професијата, без оглед на идеологијата се јавува или се буди кодот на ВМРО – Внатрешната македонска  револуционерна  организација појасни Силјановска –Давкова .

Силјановска – Давкова потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ со своите проекти и со своите ветувања ќе донесе до целосна трансформација на општеството од недемократско во демократско и дека идеите , работата и  креативноста ќе бидат императив во обновување на државата.

-Можеби е оваа општина најдоброто место за нешто друго, ако велиме внатрешна македонска револуционерна организација се разбира во 21 век не мислиме на оружје ама мислиме на вистинска револуција на умот, вистинска револуција на владеењето од недемократско во демократско. Време е за модерно карпошово востание„ кажа Силјановска – Давкова.

Таа им порача на граѓаните дека на 15 јули мора да се стави крај на катастрофалното владеење на СДСМ и Македонија да стане стабилна држава со развиена економија, со владеење на правото и со утврдени процедури утврдени со уставот и законот.

– На 15 јули треба да ставиме крај на уникатниот политички систем, на утикатниот јазичен модел, на уникатната демократија на оригиналната политичка култура и да си го откриеме да си го исправиме да си го вобозновиме европското во нас. Македонија мора да стане стабилна држава со стабилни институции наместо со пресилни поединци, моќта мора да се дисперзира на трите власти наместо да се концентрира како што се сега во една личност и во камарилата обожаватели околу него мора да се потпре на костурот владеење на правото, за да не стрепат граѓаните кога ќе дојде до промена на власта и за да може државата да функционира по процедури утврдени со уставот и законите дополни Силјановска- Давкова.

Дополнително Силјановска – Давкова кажа дека мора да се стави крај на партизираната и политизирана администрација и да се воведат реформи каде стручни и квалификувани кадри ќе работат во институциите.

Мора да ставиме крај на партизираната и политизирана  послушна  војска наречена државна администрација и јавна администрација. Зошто она што го нарекуваме бели крагни како синоним за вработени посветени за граѓаните а не на партиите и не регрутирани по етно партиски  клуч . Зошто запомнете немало и не може да има успешна реформа без квалификувана и стручна администрација рече Силјановска – Давкова .

На крај носителката на изборна единица 1  појасна дека ВМРО – ДПМНЕ во својата програма има проекти за лицата со посебно потреби , за родовата еднаквост и секако пензионерите кои ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ се обврзува да ги исполни затоа што се поставени на реални основи.

-Мораме да ги заштитиме лицата со посебни потреби, мораме да водиме сметка за родовата еднаквост, мораме да ги заштитиме возрасните, пензионерите. Зошто ? Затоа што само ако ја прибереме целата енергија и ако даваме личен пример дека не сме таму за да се збогатиме преку ноќ туку за да ви го вратиме она што сте ни го дале ќе има шанса за европска Македонија додаде Силјановска – Давкова .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот