Силјановска говори за сексот и привлечноста на мангупите (ВИДЕО)

На новата платформа на социјалните мрежи ТикТок, носителката на листата за ИЕ 1 на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, постави видео во кое ,, говори за младоста, сексот и интелектот“.

-Им велам на студентите дека сексот е многу интелектуална работа, дека ако немате во умот креација, дека ако не си го сакате сопственото тело, ако не сте креативни, ќе бидете досадни, можеби и затоа понекогаш, на една возраст, не ве привлекуваат тие со петките, туку непослушните, или мангупите- вели Силјановска Давкова.

@gogatiktoks

Гордана Сиљановска Давкова говори за младоста, сексот и интелектот! ?✊#macedonia #skopje #politics #romamce #rocknroll

♬ original sound – gogatiktoks

Таа денеска пиеше кафе и јадеше благо со Тамара Михајловска, која е на изборната листа, а стана позната по спотот на ВМРО ДПМНЕ снимен на аеродром во кој таа се откажува од заминувањето во странство откако се појави Христијан Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот