Силјановска ги повика граѓаните да излезат на гласање на 5 мај

Се чини дека последниот ден од претседателската кампања беше најцрн во црната кампања кон мене. Тоа е само знак или доказ дека уште еднаш власта на заминување е најстрашна власт, рече на денешната прес-конференција кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Силановска Давкова нагласи дека очекува од граѓаните масовно да излезат на 5 мај.

-Во недела очекувам граѓаните масовно да излезат и очекувам да го продолжат она што го направија во првиот изборен круг. Да се зголеми поддршката за мене, бидејќи кандидатот на власта не може да направи друго, освен она што го правеше оваа власт зашто и самиот тврди дека 102 проценти се согласува со лидерот на СДСМ. Очекувам да се соберат околу членството на ВМРО-ДПМНЕ која ме поддржа на конвенцијата и сите оние кои можеби овие две години го немаше, значи да се вратат во јатото оние кои заговараат реформи, се разбира за реформите да се борат внатре, рече Силановска.

Силановска изјави дека се надева дека кон членовите и симпатизерите ќе се приклучат и неопределените гласачи, разочараните од катастрофалните политики на СДСМ во овие две и пол години, зашто, како што рече таа, сме на прагот пред соопштувањето на одлуката дека почеток на преговори нема, бидејќи ниту еден Копенхагашки критериум оваа власт не исполнила.

-Власта ја користеше само за сопствени цели, од неа европски профил на политичар од овие неевропски политичари не можеме да очекуваме реформи. Јас сум убедена дека успехот на 5 мај ќе отвори порта кон еден друг успех кон градење демократска, европска Македонија, зашто очигледно е дека реформи промени може да направите само ако и себеси се реформирате. Оваа власт ќе биде запаметена само по болката што ни ја нанесе, затоа што повторувајќи ЕУ, НАТО, всушност го кршеше правото и правдата, нагласи Силановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот