Силјановска-Давкова: Оставката на Заев ја видов само на телевизија

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, вели дека оставката на премиерот Зоран Заев ја видела, но само на телевизија.

„Прво морам да кажам дека како пратеничка сѐ уште не сум ја видела оставката, всушност ја видов ама на телевизија“, вели Силјановска-Давкова.

„Според членот 219, претседателот на Собранието претпоставувам велите вие дека ја примил оставката треба веднаш да ја достави до пратениците. Зошто? Затоа што на првата наредна седница оставката треба да се констатира. Вашето прашање значи дека одговорноста е за локалните избори, видете во расчекор сум со мислите до вчера јас на сите емисии дури и самата бев прашувана од новинари зошто ги мешате локалните избори со парламентарните избори, се работи за сосема различни избори. Ама се чини дека конечно после долгото чекање еве чувме бидејќи се уште не сме ја виделе оставката“, истакна Силјановска.

„Зошто сум јас овде? Јас не знам, значи утре ако се закаже седница ќе ја констатираме но сакам да укажам на еден друг проблем за кој што мислам дека е актуелен, имено во членот 93 во ставот 5 јасно стои дека Владата на која е изгласана недоверба или која поднела оставка во случајот наш, или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието останува на должност до избор на нова Влада. Значи во правото постои институтот Влада во оставка. И Владата во оставка е Влада која што има одговорност. И јас сега укажувам на еден чуден феномен. Имено, од 24-ти јуни ние не сме имале пратенички прашања што значи дека не сме можеле да ја оствариме контролната функција во името на граѓаните. Според Деловникот односно одредбата во Деловникот вели дека пратенички прашања се поставуваат во последниот четврток во месецот“, додава Силјановска-Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот