Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Од говорницата на митингот во Општина Центар професорката Гордана Силјановска – Давкова носител на ИЕ 1, вечерва најпрвин им се заблагодари за присуството на многубројните центарци, го честиташе македонскиот празник “Денот на борецот”.

Потоа таа упати искрени честитки до Соединетите Американски Држави за “Денот на независноста”.

-Ние народот сме собрани овде. Ние народот имаме право на самоопределување. Никој тоа право не може да ни го одземе. Името е дел од правото на самоопределување. Не е точно дека ние не сакаме да го вратиме. Повторувам. Не само што ги знаеме сите начини, туку ги знаеме и сите постапки. Има место за љубов само кон една татковина. Јас му верувам на оној горд Ирец, Бернард Шо кога вели дека се можете да смените, само татковината не можете. И вели дека битката секогаш е битка за Ирска, за Македонија или за Финска. Пазете во 1876-тата година. Тоа нему му е јасно, а ним не им е јасно. Дури и човекот број еден на СДСМ, Киро Глигоров рече Македонија е се што имаме, рече Силјановска-Давкова.

Прочитајте и...  Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Таа посочи дека ако е денеска “Денот на борецот”, а нејзиниот татко бил борец на 17 годишна возраст, се разбира дека постои некој завет кој го дале тие борци.

-А тоа е дека она што сме го наследиле не е лично, а не е ни колективно, туку му припаѓа на народот ќе го чуваме и ќе го предадеме на поколенијата по нас. Она ВМРО се буди токму тогаш кога е загрозена Македонија. Не само тука на оваа територија, туку и во Австралија, Канада и Америка. Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен. Ама за жал тие сакаа македонизмот да го импутираат. Да го пресечат коренот на ова дрво. Ние бараме во модерна Европа она што важи за сите народи, а нема народ без малцинства во соседството, да важи и за нас. Ние бараме да се почитува Конвенцијата за заштита на правата на малцинствата и да се почитува Конвенцијата за регионални малцински јазици, рече Силјановска-Давкова од говорницата.

Прочитајте и...  Хајко Мас: Белоруските власти под итно да ги ослободат уапсените демонстранти и новинари

На крајот таа порача дека она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го спроведува после 15-ти јули ќе биде “ПРАВИ ЛУЃЕ НА ПРАВО МЕСТО”. Така најмладите нема да си заминат. На Македонија и треба даскал. Учител. А учителот е пред вас, господинот Мицкоски, заврши Силјановска-Давкова.

Прочитај повеќе

Од денеска во Брисел задолжително носење заштитна маска за лице

Слободен печат

Трамп: Ако победи Бајден спремете се да учите кинески јазик

Слободен печат

Дендиас: Ја повикуваме Турција веднаш да го напушти грчкиот континентален гребен

Слободен печат

„Кризата не боли и нас” – ССМ го одбележува Меѓународниот ден на млади

МИА Агенција

Трамп е изненаден од изборот на Камала Харис за потпретседател: Таа беше многу, многу непријатна кон Бајден

Слободен печат

Џафери и Пендаровски и натаму со различни ставови за роковите за врачување на мандатот

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

511 граѓани казнети за неносење маска

Слободен печат

ПРВПАТ ПО 11 ГОДИНИ: Британија технички влезе во рецесија

Слободен печат

Во Србија има речиси 9.000 активни случаи со Ковид-19

Слободен печат

Бугарија: Софија е најголемото жариште на пандемијата со Ковид-19

Слободен печат

Без струја утре дел од корисниците во повеќе скопски општини

МИА Агенција

Адеми смета дека учебната година треба да почне со физичко присуство, нема амбиција со онлајн-учење да се замени традиционалниот начин

МИА Агенција