Силјановска-Давкова: Крајно време е Уставниот суд да ги отвори портите за стручната јавност

Се смета дека еднаш даденото помилување не може да се повлече, бидејќи тоа е спротивно на принципот на владеење на правото и ги нарушува правата на помилуваните, вели професроката Гордна Силјановска – Давкова, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

-Се разбира дека изненадувањето е врзано за тоа што сите во 2016 година имавме дилеми околу тогашното толкување на Уставниот суд дека членот 11 кој е применет за сегашниот премиер Зоран Заев и обвинетите за изборни деликти, сега ќе видиме дека ќе дојде на дневен ред на Собранието, што ќе стане не знам, не знам ни каква одлука ќе донесе Уставниот суд. Нам, кои се занимаваме со Уставно право и на другите од нашата струка ни личи да го критикуваме Уставниот суд, но на власта не и личи. Крајно време е Уставниот суд да ги отвори портите за стручната јавност за да може сите аргументи да се сослушаат- рече Силјановска Давкова.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот