Силјановска Давкова: Ќе собираме 10.000 потписи на граѓани за поништување на Законот за попис

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе започне со собирање на најмалку 10.000 потписи за поништување на Законот за попис кој денеска е објавен во Службен весник.

Пратеничката и универзитетска професорка, Гордана Силјановска Давкова на денешната прес-конференција образложи дека постапката ја покренуваат бидејќи опозициските партии во минатото поднесувале предлози за закони, но тие никогаш не биле ставани на дневен ред во Собранието. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ се одлучила да собира потписи од граѓаните за поништување на Законот за попис.

– Идејата беше да се каже дека пописот мора да е статистика, а не политика операција, пописот мора да води сметка за граѓаните, за индивидуите, а не за партиите, да се инсистира на тие 10.000 потписи бидејќи овластен предлагач на закони се 10.000 граѓани. Би сакала тој број да е многу, многу поголем. Зошто? – Тогаш би се нашол на дневен ред, рече таа.

Коментирајќи ги, како што рече, политичките изјави за евентуалниот резултат од пописот, Силјановска Давкова потенцира дека правилата треба да се извесни во законот, а резултатот да биде статистички, а не политички, прашувајќи „зошто ни е попис ако некој знае однапред каков би требало да биде резултатот“.

Силјановска Давкова, која е независен пратеник е дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на попишувањето на дијаспората рече дека „оние кои се надвор подолго од 12 месеци се жители таму”.

– Во Франција, во Велика Британија, во САД и таму ги попишуваат, ама државјани се и овде и можат заради активното и пасивното избирачко право можат да учествуваат во политичкиот живот, но за жал нив ги нема. Некој им го суспендира избирачкото право и немаме ниту еден претставник од нив во Собранието, рече таа.

Пратеничката од опозициската пратеничка група, Силјановска Давкова изнесе низа аргументи, што според неа, укажуваат на политичката димензија на Законот за попис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот