Силјановска – Давкова: 40 отсто од министерките ќе бидат жени

Носителката на изборна единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјановска- Давкова од пред музејот на Македонската борба истакна дека во програмата „Обнова“ се втемелени принципите на обнова на почитта, рамноправноста, знаењето и креацијата.

-Обнова на почита , родовата рамноправност , обнова на респектот на енергијата , знаењето креацијата ,  неискористениот ум на жените во Македонија бидејќи бројот на министерки во оваа влада беше три па стана четири со госпоѓицата Нина Ангеловска ама во однос на 26 е мачоизам политички од невидени размери- кажа Силјановска- Давкова.

Дополнително Силјановска- Давкова потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ се залага за рамноправна застапеност на жените во политиката и дека тоа е голем исчекор за демократијата во државата.   Исто така Силјановска- Давкова порача дека во програмата „Обнова“ има огромен број на проекти кои се наменети за целосно и рамноправно вклучување на жените во општествениот и политичкиот  живот.

-Во обновата се вели дека 40 % од министерките ќе бидат жени . Ќе се согласите дека бројката не е македонска некако скандинавска како да е и ете и тоа е исчекор во поглед на сензибилизирањето на балканскиот машки воинствен милитантен свет – појасна Силјановска – Давкова.

На крај Силјановска – Давкова кажа дека ВМРО – ДПМНЕ со пример покажува дека го остварува тоа што го ветува а тоа е дека има жени кои се носителки на листата и многу вклучени во самите листи но дека во проектите се обврзува за исполнување на ветувањата од 40 % застапеност на жени во политиката

-Не само тоа и на листите како што гледате има повеќе жени одошто мажи и дури има две жени кои се носителки на листата а има неколку кои се втори или трети. За мене е тоа демократски исчекор и јас мислам дека доаѓа времето на жените во Македонија- дополни Силјановска – Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот