Силјановска: Ако станам претседателка ќе организирам штрајк за текстилните работнички од Штип

Во своето обраќање пред граѓаните на Пробиштип професорката Гордана Силјановска Давкова истакна дека при средбата со текстилните работнички од штипско им предложила дека ќе застане на штрајк во први редови заедно со нив заради недостатокот од работнилки права кои овие жени не ги уживаат.

-Денеска се сретнав со текстилните работнички од Штип. Тажна приказна како во почетокот во 19 век, како во Англија овците што ги јаделе луѓето. Не се знае работно време, нема никаов одмор, ни дневен, ни неделен, ни месечен и погодете што им предложив, ако станам претседателка ќе организираме штрајк, јас ќе застанам во првите редови и во обраќањето во парламентот ќе ги набројам проблемите оти срамота е постои меѓународна организација на трудот, а во Македонија никој да не ги заштитува нивните права, да немаат синдикат во 21 век, а ние да ги молиме жените да раѓаат зошто мора да се справиме со таа чума, вели Силјановска.

Таа истакна дека жената раѓа таму каде што државата има разбирање за семејството и мајката, дека срамота е во Уставот да пишува дека сме социјална држава, каде жените и децата уживаат посебна заштита, дека имаат заштита при работа, а при постојно министерство за труд и социјална политика да не се реагира за вакви проблеми каде што жена е министерка.

Таа вели дека ќе се обиде како претседателка секој ден, на секој чекор да ги увери граѓаните не за да се фали уште со една функција во животот, туку за да решава македонски проблеми.

-Партијата им е поважна од народот, статусот им е поважен од народот, министер значи слуга на народот, а не 102% слуга на премиерот, вели професорката на граѓанскиот собир во Пробиштип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот