Силите на САД минатата година во Авганистан фрлиле 7.423 бомби

Терористички напад во Конго/ Фото: EPA-EFE/WATAN YAR

Според извештајот кој го објави Американската централна команда, авионите фрлиле 7.423 бомби и друга муниција над Авганистан, што е речиси осум пати повеќе во однос на 2015 година.

Соединетите Американски Држави за време на 2019 година во Авганистан фрлиле повеќе бомби отколку било која година претходно, односно откога Пентагон од 2006 година води евиденција.

Според извештајот кој го објави Американската централна команда, авионите фрлиле 7.423 бомби и друга муниција над Авганистан, што е речиси осум пати повеќе во однос на 2015 година.

Зголемениот интензитет на воздушната кампања го следи и бројот на цивилни жртви. Според податоците на ОН, на САД им се препишуваат поволивна од смртните случаи, од 1.149 кои се убиени во напади на провладините сили во првите три четвртини на 2019 година, пренесува „Гардијан“.

Талибанците и другите оружени групи се одговорни за 1.207 смртни случаи на цивили, а особено ги засилија нападите за времето на летото.

До порастот на крвопролевањето дојде додека САД и талибанците водеа мировни преговори, кои на американската страна ги водеше специјалниот пратеник Залмај Калилизад. Претседателот на САД ги откажа преговорите во септември, обвинувајќи ги талибанците за самоубиствениот напад во Кабул каде беше убиен американски војник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот