СИЛИТЕ НА ХАФТАР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полицијата има рок од три дена за да се повлече

Фото: ЕПА

Либиската национална армија (ЛНА) на генералот Калифа Хафтар, која ја започна офанзивата во Триполи, седиште на меѓународно признатата влада, на полицијата во Мисрата која го брани градот, и даде рок од три дена да се повлече.

Во соопштението, ЛНА ја предупредува полицијата да се повлече од Триполи и Сирт или во спротивно Мисрата ќе биде цел на секојдневни напади.

Борбите за Триполи се водат веќе четири месеци, а минатата недела генералот Хафтар објави дека започнала круцијална битка за главниот град.

Соопштението на силите на Хафтар следеше по воздушните напади што ги извршија во магацин на турско оружје и воена опрема во Триполи.

Нападот предизвика осуда на премиерот Фајез Сарај, кој рече дека има цивилни жртви.

Турција, Катар и Италија ја поддржуваат владата на Сарај во Триполи, додека Хафтар има поддршка од Франција, Русија и клучните арапски земји, вклучувајќи ги Египет, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот