Силите на Хафтар се заканија дека ќе нападнат цивилни авиони над Триполи

Портпаролот на генералот Хафтар, Ахмад ал Месмари преку соопштение испрати порака дека „секој воен или цивилен авион кој лета над престолнината ќе биде уништен”.

Бунтовничките сили на генералот Калифа Хафтар во Либија го прогласија Триполи за „зона без летови“ и се заканија дека ќе нападнат цивилни авиони над главниот град.

Аеродромот Митига, единствениот што работи во Либија, неколку пати беше мета на напади откако Либиската национална армија започна офанзива за заземање на Триполи, кој е под контрола на меѓународно признатата влада.

Владата ги повика Обединетите нации да преземат сериозни и ефикасни мерки за да овозможат безбедност на цивилите и цивилната авијација на кои им се заканува опасност од милицијата која напаѓа.

Портпаролот на генералот Хафтар, Ахмад ал Месмари преку соопштение испрати порака дека „секој воен или цивилен авион кој лета над престолнината ќе биде уништен”.

Тој тврди дека турските војници кои ја поддржуваат владата го користат аеродромот како база.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот