СИЛИКОНИ НА КОМПЕНЗАЦИЈА: Зошто Луна Џогани толку често ги фотографира новите гради?

Луна Џогани не ги платила силиконите кои неодамна ги стави, туку со приватната клиника се договорила да ги рекламира по интервенцијата.

Токму поради тоа таа се снимаше и фотографираше уште додека беше во болничкиот кревет. Неа на Инстаграм ја следат над 430.000 корисници.

Оние кои ја следеа претходната сезона на „Задруга“ често слушаа како Луна се жали дека градите ѝ се мали и дека кога ќе заврши шоуто, ќе ги зголеми. Таа вети дека уште првиот ден откако ќе се оперира, за тоа ќе ги извести фановите.

Ваква операција во конкретната приватна клиника чини и до 3.000 евра, но таа ги доби бесплатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот