Силен земјотрес во Северна Каролина

Земјотрес / Фото: Илустрација

Земјотрес со јачина од 5,1 степени ја погоди денеска американската држава Северна Каролина, објави Националниот метеоролошки институт во Гринвил.

Епицентарот бил на околу 4 километри југоисточно од градот Спарта.

Земјотресот ги потресе зградите, но нема извештаи за какви било штети или повредени.

Тоа е најсилниот земјотрес што ја погоди земјата од 1916 година, кога беше регистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот