Силен земјотрес во Јадранско море: Се тресеa Хрватска и Италија

Силен земјотрес беше регистриран во Јадранското море денеска, како што пренесуваат регионалните медиуми. Според првата проценка на ЕМСЦ, потресот бил со сила од 5.9 степени по Рихтер, но потоа ја намалија проценката на 5.5 степени.

Епицентарот бил на 169 километри северозападно од Бари и 120 километри јужно од Сплит.

Како што јавува Индекс.хр земјотресот бил најсилно бил почуствуван во Далмација, каде некои жители напишале дека имало тресење во траење од 30 секунди.

Потресот бил почуствуван и во други хрватски градови како Сплит и Омиш, но и во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот