СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИРАН: Повредени повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се повредени, а неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтер, што денеска го погоди југозападниот дел на Иран.

Седуммина од повредените 112 лица се пренесени во болница, додека еден постар маж почина од срцев удар, како последица од земјотресот.

Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот го погоди подрачјето на околу 84 километри источно од иранскиот град Ахваз, познато по бројни наоѓалишта на нафта, а епицентарот бил во близина на Масџид Солејман во провинцијата Хузестан, околу 450 километри од Техеран.

Во близина на епицентарот, околу 6.000 луѓе живеат во 15 села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот