Силен земјотрес во Иран, епицентарот во близина на нуклеарна електрана

земјотрес / илустрација

Земјотрес со силина од 4,9 степени го погоди југот на Иран, во близина на една нуклеарна електрана.

Потресот е регистриран на 10 километри југоисточно од Боразџан, објави американскиот геолошки институт, пренесе порталот „gulfnews“.

Локалните власти соопштија дека е упатен тим на спасувачи и дека засега нема извештаи за штетата или повредените.

Освен земјотресот, Иран утринава е во центарот на вниманието на светските медиуми, поради нападот над две бази во Ирак со американски војници и падот на украинскиот „Боинг 737“ на аеродромот во Техеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот