Силен земјотрес во Индонезија – Бил почувствуван во неколку различни области

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил 280 километри јужно од провинцијата Горонтало, на длабочина од 43 километри под површина на земјата.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Индонезиската геофизичка агенција соопшти дека го укинала предупредувањето за цунами, што беше во сила 40 минути.

Портпаролот на агенцијата за катастрофи Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека земјотресот се почувствувал во различни области од четири до шест секунди.

Тој соопшти дека властите на источниот брег и островите им наредиле на жителите да заминат на  повисоки места.

Во Индонезија, земјотреси и вулкански ерупции се чести, бидејќи се наоѓа во пацифичкиот огнен прстен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот