Силен земјотрес во близина на Света Гора

 Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтер беше регистриран кусо пред два часот по полноќ во морскиот дел меѓу вториот и третиот крак на Халкидики, а беше почувствуван и на Света Гора за време на бдението по повод Крстовден, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на силниот земјотрес, во кој нема повредени, беше на 22 километри југозападно од Атос.

Монасите од еден од манастирите од Света Гора, на социјалните мрежи објавија видеа од земјотресот снимен од безбедносните камери за време на бдението и ја коментираа смиреноста на свештените лица.

– Паднаа малтери, маслата од кандилата се истурија на подот, а  попот мирно продолжува да го јаде лебот по Светата Причест. Свештеникот продолжува да се причестува како ништо да не се случува, напишаа монасите на „Фејсбук”, објавувајќи го моментот од силниот земјотрес.

Прочитајте и...  Ивица Дачиќ застана на чело на Собранието на Србија: Само политички незнајковци може да кажат дека сум деградиран

Неколку часа пред земјотресот од 5.2 степени, со истиот епицентар беше регистриран и земјотрес од 4.4 степени според Рихтер.

Поврзани вести

Путин сподели свои сознанија: Во Нагорно Карабах загинале близу 5.000 луѓе на двете страни

Слободен печат

Ќе вроди ли со плод објаснувачката мисија на Георгиевски во Софија?

Маријана Митровска

Бугарскиот министер за здравство: Лекарите се уморни, истоштени, а дел од нив и заразени

Слободен печат

Заев нема да поднесе оставка ако Бугарија стави вето

Слободен печат

Од сабота – две третини од Французите во карантин

Слободен печат

Таравари: Во Гостивар ќе имаме пет мерни станици за квалитетот на воздухот

Слободен печат

Остави Коментар