Силен земјотрес во близина на Нов Зеланд

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на Тихи Океан во близина на Нов Зеланд.

Како што соопшти Американскиот геолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 1.133 километри североисточно од градот Вангареј, кој има околу 51.000 жители.

Земјотресот бил на длабочина од 82 километри.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот