Силен земјотрес во близина на јапонскиот остров Окинава – Слободен печат
ВестиПланета

Силен земјотрес во близина на јапонскиот остров Окинава

Засега нема информација за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување од цунами.

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтер го погоди денеска подрачјето северно од јапонскиот остров Окинава, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Засега нема информација за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 257 километри под површина на земјата, на околу 346 километри од Наха, престолнина на префектурата Окинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close