Силен земјотрес ја погоди Атина

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Силен земјотрес со јачина од 5.1 според Рихтер удри во близина на грчкиот главен град Атина, што ги натерало жителите да истрчаат надвор од своите домови.

Епицентарот, според грчката национална опсерваторија, бил на планината Парнита, на 23 километри северозападно од Атина, каде силен земјотрес бил забележан и во 1999 година. Локалните медиуми соопштиле дека струјата и комуникациите биле прекинати во некои региони.

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Петсас изјавил дека немало голема штета, освен две уништени згради.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот