Силен земјотрес почуствуван во Загреб: Прекината и седницата во Собранието (ВИДЕО)

Загреб денеска во 09.52 часот го потресе земјотрес, кој се почуствува во целиот град, но и во околината.

Сеизмолошката служба на Хрватска јавува дека, според првите податоци, магнитудата на потресот била 3,2 по Рихтер. Седум минути подоцна се почуствувал нов потрес, но тој бил послаб, со магнитуда од 2,3 по Рихтер.

„Утринава, на 23 април 2020 година сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа два потреса кај Маркушевац. Првиот беше во 09.52 часот, а вториот во 09.59. Првиот потрес беше умерен, со магнитуда од 3,2 според Рихтер и се почуствува во Загреб и во околината. Другиот потрес беше послаб, со 2,3 магнитуда според Рихтер и се почуствува во централното подрачје и северниот дел на Загреб“, порачале од сеизмолошката служба.

„Овој потрес од 3,2 степени не би требало да предизвика штета, освен на оние објекти кои веќе претрпеле штета во првиот потрес“, порача сеизмологот Крешимир Кук за Н1 телевизија.

Тој порача дека од 22 март имало вкупно преку 1000 потреси, од кои 150 се почуствувале.

Потресот исто така се случил за време на седница на хрватското Собрание и по снимката објавена од индекс.хр може да се види како претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ веднаш станал, додека министерот Томислав Чориќ престанал со говорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот