Силен земјотрес почуствуван во Корча (ВИДЕО)

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Силeн земјотрес бил почувствуван попладнево во албанскиот град Корча и околните области.

Според Европскиот центар за сеизмологија, земјотресот бил со јачина од 4,4 степени, со епицентар 10 километри југоисточно од Билишта.

По првиот земјотрес, проследи уште еден послаб земјотрес со јачина 3,4 степени. Нема информации за материјална штета или повредени лица, јавува албанската телевизија А2.

Балканвеб објави и видео на кое се гледаат жителите од Корча како трчаат надвор од нивните домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот