Силен земјотрес од 6,9 степени го стресе регионот, епицентарот во Лариса, Грција

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени предмалку ја затресе Грција, односно регионот кај Солун. Земјотресот е регистриран точно во 11.16 часот претпладнево, со епицентар на 24 километри северозападно од Лариса и на 10 километри северозападно од Турнавос. Потресот бил на длабочина од 2 километри.

Според објавите на Европскиот макросеизмички центар земјотресот се почувствувал во Македонија, Црна Гора и Косово.

Засега нема други детали за овој земјотрес освен дека го регистрирале и апратите на Националната опсерваторија во Атина, Геодинамичкиот институт во Атина како и Катедрата за геофизика при Универзитеот во Солун и Универзитетот во Патра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот