Силен земјотрес на островот Бали, туристите во паника трчале по улиците

Земјотрес од 6,1 степени по Рихтеровата скала утрово бил забележан јужно од индонезискиот остров Бали, поради што некои од жителите и посетителите на овој туристички остров на кратко истрчале на улица.

Сè уште нема првични информации за евентуални материјални штети или жртви од земјотресот, ниту пак предупредувања за цунами кои ги издава Центарот за предупредување со седиште во Хаваите.

Епицентарот на земјотресот бил 102 километри југозападно од главниот град во островот Бали и бил на длабочина од 100 километри.

Американскиот геолошки завод забележал земјотрес со прелиминарна магнитуда од 5,7 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот