Силен земјотрес ја „стресе“ американската држава Орегон

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер, го погоди брегот на американската држава Орегон, но не предизвика цунами.

Епицентарот на земјотресот е забележан на одалеченост од околу 240 километри од брегот, на длабочина од 5,4 километри во Тихиот океан, јави синоќа АП.

Нема извештај за жртви или материјална штета, соопштиле локалните власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот