Силен земјотрес ја погоди југоисточна Турција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени денеска во 11 часот и 37 минути ја погоди провинцијата Малатија во југоисточна Турција, соопшти Институтот за истражување земјотреси и опсерваторијата Кандили.

Земјотресот се случил на длабочина од седум километри.

Градоначалникот на Путурга, каде што е епицентарот на земјотресот, за телевизијата Си-Ен-Ен Турк изјави дека земјотресот предизвикал некои штети, но нема извештаи за евентуални жртви или повредени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот