Силен земјотрес ја погоди Албанија, почуствуван во Македонија, Косово и Србија

земјотрес / илустрација

Епицентарот на земјотресот бил во Кукс, во длабочина од десет километри.

Земјотрес со јачина од 4.4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија. Епицентарот на земјотресот бил во Кукс, во длабочина од десет километри.

Земјотресот бил почуствуван и во северните делови од нашата земја, во околината на Маврово, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово. Земјотресот бил почуствуван и во Косово и Србија. Неколку минути подоцна исто така бил регистриран нов земјотрес но со помала магнитуда, од 3.8 степени според Рихтеровата скала.

За потестување на 26 ноември 2019 година Албанија беше погодена од силен земјотрес во кој животот го загубија 51 лице додека илјадници беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот