Силен земјотрес го потресе Иран

Земјотрес / Фото: Илустрација

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североистокот на Иран, на границата со Туркменистан, пренесува иранската државна телевизија.

Засега не е познато дали во потресот има жртви или е предизвикана материјална штета, но тој се почуствува во близина на Мараве Тапе, во провинцијата Голестан.

Британските медиуми додаваат дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот