Силен ветер урна дел од покрив на фудбалски стадион во Холандија (ВИДЕО)

Невремето и силниот ветер кои вчера ја погодија Холандија урнаа дел од покрив на фудбалскиот клуб АЗ Алкмар, но никој не беше повреден со оглед на речиси празните трибини.

– Тоа не изненади. Во шок сме, но среќни што никој не настрада, изјави извршниот директор на клубот Роберт Енхорн, дополнувајќи дека е почната истрага за утврдување зошто дошло до уривање на покривот.

Тој потенцираше дека никој нема да игра на стадионот додека тој не биде безбеден, што го доведува во прашање натпреварот против украински Мариопол во четврток, во третото претколо на Европската лига.

https://www.youtube.com/watch?v=Tl0Fcd7_U9k

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот