Силен ветер носеше сè пред себе: Паднати семафори, уништени фасади во Сараево

Фото: Илустрација

Силен ветер собори два семафори во Сараево во текот на денот, додека оштетен е и покривот на едно училиште во Бања Лука.

Во сараевската населба Оток, ветерот ја оштети фасада на деловниот комплекс „Капитал Тауер“. На многу други места, ветерот предизвика големи штети, отстранувајќи ги циглите од покривите на зградите, оштетувајќи и дрвја, објави порталот Кликс.ба.

Кантонската управа за цивилна заштита, соопшти дека имаат една пријава  во населбата Jaпалци, каде што ветерот однел дел од покривот, но нема повредени.

-Штетата е санирана. Исто така, имаше неколку пријави за мала штета на станбени имоти – се вели во соопштението.

Ветровите во Бања Лука го оштетија покривот на основното училиште „Милано Ракиќ“, а пандато е и едно дрво на улицата „Козарска“ во тој град.

Федералното биро за хидрометеорологија претходно издаде портокалово предупредување за обилни врнежи од дожд и грмежи за време на викендот.

Поради очекуваниот ветер и дожд, издадено е жолто предупредување во областа Бања Лука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот