Силен ветар носи обилни дождови кон брегот на САД: Тропската бура „Бета“ се движи кон Тексас и Луизијана

Фото: foxnews.com

Тропската бура „Бета“ се наближува до Тексас и на Луизијана и се стравува дека обилните дождови што ги носи ќе предизвикаат поплави и зголемување на водостојот по должината на брегот на Заливот.

Доколку „Бета“ го погоди Тексас, што се очекува да се случи денеска, тоа би било деветта бура на континенталниот дел на САД во 2020 година. Со тоа би бил достигнат рекордот од 1916 година, вели Фил Клосбаг, научник во државата Колорадо, кој проучува бури.

Крајбрежните области изминатиот викенд почнаа да се подготвуваат за „Бета“, а градот Галвестон и истоимената област издадоа наредба за доброволна евакуација. Истото го стори и градот Сибрук, во северниот дел на Галвестон.

Привремениот градоначалник Крег Браун изјави дека ако нивото на водата се искачи за 25 сантиметри, патиштата ќе бидат непроодни, особено во западниот дел на градот и во областите на помала надморска височина.

„Бета“ се движи со ветрови со брзина од 95 километри на час, а во неделата наутро беше на 320 километри од Галвестон, објави американскиот центар за урагани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот