Силекс го врати Милосављевиќ, Македонија Ѓорче Петров се засили со Стојков

Фото: ФК Силекс

Прволигашот Силекс утрово доведе ново име за вториот дел од сезоната, а тоа е 30-годишниот Стефан Милосављевиќ кој дресот на овој клуб го носеше и во 2018 огдина.

Во изминатиот период тој промени неколку клубови во Срвија, а сега направио кам-бек во составот кој по првиот дел од сезоната во ПМФЛ се наоѓа на петтото место.

Претходно Силекс ги доведе Никола Ристески, Халил Мухаремовиќ, Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани.

Засилување во своите редови денес доведе и Македонија Ѓорче Петров која се засили Драган Стојков од Тиквеш.

Стамува збор за фудбалер кој претходно играше за Работнички и Беласица, додека во странство играше во САД, Кореја, Грција, Србија…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот