Сиљановска со политички амбиции: Пријателите ми велат – „Никогаш не вели никогаш“

Во едно интервју по изборите, претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова открива дека нејзините политички амбиции не завршиле со завршувањето на изборите за претседател на државата. Таа во нејзин стил на долго и нашироко, со многу резерва вели дека прашањето за политички ангажман и годи, но било тешко да одлучи, морала да размисли и т.н но, на крајот открива дека сепак ќе ја послуша  сугестијата и ќе се придржува до онаа „никогаш не вели никогаш“.

Оваа нејзина изјава е директна потврда на оценките на повеќето екперти кои во маратонската изјава на Сиљановска веднаш по изборите видоа навестување за нејзините политички амбиции. Некои дури се посомневаа дека дури „пука“ и на лидерското место во партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Засега такви експлицитни изјави нема за волја на вистината, но каков друг политички ангажман може да и понуди опозициската партија во овој момент? Не е дека ќе ја чуваат како претседателски кандидат за по истекот на мандатот на Пендаровски!!!! Следен голем политички настан се парламентарните избори догодина. Од таму логички понудата може да биде – пратеник. Но да бидеме реални, тоа е сепак малку за амбициозната професорка. Можеби Премиер во Техничката Влада што ќе се формира пред изборите?! Или „баш“ Премиер ако ВМРО-ДПМНЕ победи на тие избори? Хм! Па тогаш што ќе работи Мицковски? Заменик Премиер или Министер за Дијаспора? Не, и тоа е тешко изводливо.

Одговорите сигурно се кај оние кои и го поставиле тоа прашање. Кај оние кои сакаат политички да ја промовираат професорката. Во тоа нема ништо лошо! За неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот