Сиљановска се сретна со граѓаните од Овечполието

Денеска кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со земјоделците од Овчеполието. Во текот на средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат земјоделците откако оваа влада е на власт, практично тие се оставени сами на себе.

Сите граѓани на Македонија имаат проблеми со сиромаштијата, корупцијата, непотизмот. Но и чесните земјоделци кои работат чесно својот производ да го продадат, но власта секојдневно ги заборава и лаже. Земјоделците добија ниски откупни цени, со што беа приморани својот род да го фрлаат, наместо зголемување на субвенции, тие дополнително се намалија, дури и доцнат.

Сиљановска Давкова истакна дека Владата ништо не испочитувала од она што им било ветено на земјоделците, од употребата на зелена нафта, од загарантираниот откуп на произведеното до повисоките субвенции.

На 5-ти мај кога правдата ќе завладее во Република Македонија, ќе дојде и подобро утро за сите граѓани и за земјоделците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот