Сиљановска од Делчево: Каква е таа демократија кога се забранува филм и книга

– Граѓаните се тие што ја градат и што ја чуваат татковината и што се грижат за правда и честита Македонија, но и за јазикот на малцинствата кој очигледно некој не сака да го види, истакна синоќа на митингот во Делечево кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска Давкова.

– Како што имало Македонци низ векови има и денеска и месечината секаде ги води и во Пиринска и Егејска. Сите го зборуваме истиот јазик, оној кој ќе го најдете по топонимите кој постоел до 1923 година, но ќе го променат со декрет. Не сум националист, но кога се работи за дијаспората, се работи за нивната татковина и кога е во прашање нивниот јазик, не е никакво мешање во внатрешните работи, бидејќи постои конвенција за регионални и малцински јазици и таа важи за сите малцинства, па и македонското. Но, нашиот премиер и министри тоа не го знаат или не сакаат да го знаат – рече Сиљановска Давкова.

– Каква е таа демократија, рече, кога забранија филм кој беше награден во Канада, а забранија и книга на Стојан Андов – праша Силјановска Давкова.

– На книга може да одговорите со книга, но не и да забраните. Затоа нашата химна не обврзува да се бориме за правдата и правдината, затоа што нема поважно нешто од слободата на говорот. Тоа сите го гледаат и дома и надвор. Затоа тоа треба да го санкционираме на 21 април и на 5 мај. Оние од надвор тоа го бележат и ќе им го сооопштат во извештајот што следи. Не може да се живее во земја во која исто така е погазено правото. Се изморија од реториката за ЕУ и НАТО – подвлече Сиљановска Давкова.

На 21 април, а потоа и на 5 мај да ги ослободиме од политичката одговорност, а потоа на предвремените избори кои ќе следат да добиеме нова реформирана влада, додаде Силјановска Давкова.

Пред делчевци се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека граѓаните имаат само еден избор за претседател, а тоа е кандидатот Гордана Сиљановска Давкова.

– Изборот е јасен. Од една страна ја имате транзициската коалиција која донесе само лоши работи во државата. Коалиција која кумуваше на многу уништени судбини. Од друга страна ја имате жената која е на страната на правото и правдата – рече Мицкоски.

На оној кој се срамеше да ја интонира химната на 21 април а потоа и на 5 мај ќе му кажеме готово е, рече Мицкоски во својот говор пред делчевци.

– Истиот тој ветуваше живот за сите, а донесе пекол. Истиот тој кој не знае на кој јазик зборуваат Мамкедонците во Егејска Македонија. Тој човек повеќе нема право да зборува за идентитет. Токму затоа ни е потребна победа да расчистиме со вакви ликови –  потенцираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот