Сијарто смета дека влезот на Украина во НАТО не може да биде на дневен ред на самитот во јули

Петер Сијарто/ Фото: EPA/VASSIL DONEV

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека влезот на Украина во НАТО не може да биде на дневен ред за време на самитот на Алијансата во јули во Вилнус.

Пристапувањето на земја која моментално е во војна не може да биде на дневен ред“, рече Сијарто во обраќањето на Фејсбук за време на самитот на лидерите на НАТО во Осло, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека нема потреба да се разговара за датумите кога станува збор за евентуалното членство на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот во Вилнус претходно побара „јасна одлука“ за иднината на Украина во НАТО.

На Самитот на Европската политичка унија во Кишињев тој повика на создавање коалиција за снабдување на Украина со системи за противвоздушна одбрана Патриот и борбени авиони.

Зеленски бара „јасна одлука“ од НАТО за иднината на Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот